Илустрација / Фото: Pexels / Waldemar

Пајак му „донел среќа“ на механичар од Русија кој освоил 600.000 евра на лотарија

Механичар од Владимирската област во Русија освоил повеќе од 600.000 евра на лотарија откако, како што вели, бил инспириран од „знак“ – голем пајак што го видел во својата бања, открила компанијата „Столото“, најголемиот дистрибутер на руски државни лотарии.

Според правилата на играта, премијата се доделува ако играчот ги погоди сите 12 броја или не погоди ниту еден, што бил случајот со добитниот билет, пренесува „РИА новости“.

Како што е наведено, механичарот сонувал дека добил награда ноќта пред извлекувањето, а следниот ден забележал голем пајак, кој се смета за симбол на пари во народното верување.

Тој донел одлука да купи повеќе лото ливчиња истиот ден, и токму последниот купено лото ливче му ја донело добивката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот