Падната барокна канделабра ги пречекува туристите на плоштад

Фото: Слободен печат/Виолета Костовска

Дали некој се грижи и го одржува плоштадот „Македонија“?

Утринава граѓаните и туристите пред сувенирницата на плоштад ги пречека падната канделабра, една од барокните. Дали некој ја турнал во текот на ноќта или сама паднала не е познато, но повеќе од сигурно е дека таа во иднина повеќе не е употреблива, судејќи по тоа дека светилките се целосно искршени, а држачите на светилките искривени.
Доколку канделабрата сама паднала, што не е чудно, со оглед на тоа што шрафовите што ја држеле и понатаму си стојат во плочникот, тогаш голема среќа е што не е повреден некој случаен минувач.

Градскиот плоштад, кој е едно од незаобиколните места за посета на туристите, е навистина во лоша состојба. Белите плочки околу фонтаната се нечисти, некаде и искршени. Плоштадот го „красат“ дрвените куќички оставени уште од пред Нова година без никаква намена и функција. Грдата слика ја надополнуваат недоизградените објекти од едната страна, заградени со лимени огради, за кои исто така нема информација дали некогаш ќе се завршат.

Тука е и руинираната зграда на ЕСМ, која со години е оставена без фасада, како и зградата на Пелагонија и портата „Македонија“ со искршениот плочник и дивата такси-станица пред неа.

Крајно време е да се разбудат надлежните и да поведат повеќе грижа за плоштадот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот