Озборнови - Фото: Инстаграм

Озборнови десет пати се обиделе да ја купат вилата во која се снимаше нивното реално шоу – сопствениците упорно ги одбиваат

Кели Озборн откри дека нејзиното семејство дури 10 пати се обидело да ја откупи луксузната вила во која се снимаше нивното култно реално шоу на „Ем-ти-ви“, „Озборнови“ (The Osbournes), но сегашните сопственици упорно одбиваат да им ја продадат. Ќерката на покојниот рокер Ози Озборн и Шерон Озборн, ова го открија во рамките на серијалот „Homes That Made Me“, пишува „Дејли мејл“.

Таа го опиша домот во Калифорнија како „едно од најубавите места каде што некогаш живееле“, полн со спомени со нејзиниот татко.

„Имам прекрасни сеќавања бидејќи таа куќа ми го промени животот и многу се забавувавме… Прашавме десет пати дали можеме да ја купиме назад, но тие постојано велат ’не‘, иако луѓето кои моментално ја поседуваат никогаш не се таму“, изјави Кели.

Ози и Шерон Озборн / Фото: Profimedia

Вилата со шест спални соби и девет бањи во 2007 година ѝ беше продадена на пејачката Кристина Агилера, а во 2011 година повторно се појави на пазарот за недвижности.

Тежок период по смртта на Ози

Оваа вест доаѓа во период кога Кели минува низ тешки животни моменти. Нејзиниот татко, фронтменот на „Black Sabbath“, Ози Озборн, почина во јули минатата година на 76-годишна возраст, само две недели по неговиот проштален концерт во Бирмингем.

Кели и Шерон Озборн / Фото: Profimedia

Минатата недела, во јавноста се појави и веста дека Кели раскинала и со својот свршеник Сид Вилсон, само седум месеци откако тој ја запроси токму на последниот концерт на нејзиниот татко. Извори блиски до ѕвездата велат дека таа се бори со огромната тага поради загубата на Ози, што влијаело и на нејзината врска.

„Кели поминува низ многу тежок период по загубата на татко ѝ. Процесот на тагување е неверојатно тежок и таа прави сè што може за да се справи со тоа“, открил извор за „Дејли мејл“. И покрај разделбата со Сид, Кели останува фокусирана на тоа да биде најдобра мајка за нивниот син, кој го носи името на татко му, и гордо истакнува дека и понатаму е трезна и посветена на своето закрепнување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот