Фото: Pexels/Alena Darmel

Овошје кое ги брише брчките: Го спречува раното губење на колаген, резултатите се импресивни

Покрај соодветната нега на кожата која го одложува појавувањето на брчките, тоа го прават и одредени намирници.

Паралелно со постојаната хидратација на организмот, добро е да му обезбедите и некои хранливи намирници, пред сѐ, овошје и зеленчук.

Дерматолозите д-р Мариза Гарсик и д-р Пол Џарод Френк избрале овошја за кои и двајцата веруваат дека може да помогнат во забавувањето на процесот на стареење на кожата.

Цитруси

Тие се изобилуваат со витамин Ц, па на секој кој сака да го одложи појавувањето на брчките му се советува да јаде што повеќе лимони, портокали и грејпфрут.

– Познато е дека витаминот Ц го поттикнува производството на колаген, штп помага за подобрување на целокупниот изглед на фините линии и брчки – објаснила д-р Гарсик.

Боровинки

Освен тоа, д-р Френк вели дека боровинките се особено богати со витамините А и Ц, па како такви го спречуваат предвременото губење на колаген.

– Покрај тоа, тие имаат и многу антиоксиданти кои можат да ја одржат вашата кожа хидрирана и блескава – се вели во написот неодамна објавен во „Кливленд клиник“, каде што се додава дека тие исто така можат да помогнат во контролата на нивото на холестерол и шеќер во крвта, пишува „МСН“.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот