Оваа жена за малку ќе била мртва: Да задоцнев еден ден сега немаше да бидам жива

Грета Зарете од Северна Каролина лежела четири дена на интензивна нега поради инфекција која ја добила од тампон во текот на меструалниот циклус.

Грета имала менструален циклус, но и симптоми како оние од грип. Неколку денови потоа притисокот алармантно и се намалил, а симптомите на грипот кулминирале.

Докторите не ја знаеле причината за состојбата на организмот, а дури ниту CT скенерот не можел да ја открие.

По бројните испитувања, гинекологот преку земениот вагинален брис дознал дека станува збор за синдром на токсичен шок, сериозна состојба на организмот која е предизвикана од бактериска инфекција.

Организмот на Грета бил во токсичен шок, состојба на сепса во која сопственото тело ги напаѓа органите.

Докторите откриле дека потенцијално опасните бактерии се собирале во крвта на нејзиниот тампон. Потоа влегле во крвотокот низ микроскопските исекотини на ѕидовите од вагината.

Среќа во несреќа било тоа што Грета навреме се јавила на доктор каде што реагирале во вистински момент. Докторите изјавиле дека доколку таа задоцнела еден ден последиците би можеле да бидат фатални.

Токсичниот шок кој ј погодува една од 100.000 жени се случува кога безопасните бактерии – стафилококи или стрептококи, кои инаку живеат на кожата, ќе стигнат до нашиот крвоток и ќе почнат да предизвикуваат токсини. Симптоми за шок се: висока температура, низок притисок, повраќање, конфузија, големи црвени флеки по кожата.

Жените кои користат тампони создаваат погодно тло во вагината за брзо развивање на бактерии поради наталожувањето на крв на едно место.

На амбалажата на тампоните стои предупредување од смртоносна инфекција доколку тампонот го носите повеќе од осум часа во вагината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот