Ова не е само обично смути – Зошто светот полуде по појадокот во чаша?!

Ви претставуваме еден од најдобрите оброци кои можете да ги подготвите за појадок…

Не станува збор за обично смути, туку за рецепт кој е прилагоден за прв оброк во денот, кој ќе ве држи сити до ручекот, а патем ќе ги задоволи и вашите рецептори за вкус, дури и доколку спаѓате во групата на „пребирливите“.

Состојките се многу здрави, а нивната комбинација ви дава оброк полн влакна, антиоксиданси и енергија, па затоа луѓето во светот масовно започнаа да пијат смути наместо појадок.

Потребно ви е: 2 лажици овесни снегулки, 1 црвено јаболко (излупено и исецкано на коцки), 1 банана, четвртина лажичка цимет, четвртина лажичка мелено морско оревче, 150 мл млеко.

Подготовка:Снегулките и овошјето ставете ги во блендер и мешајте додека не се иситнат. Потоа додадете гизачините и млекото, па повторно мешајте додека да добиете хомогена смеса. По желба можете да додадете и коцка мраз.Испијте го прекрасното смути и уживајте во феноменалниот вкус!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот