Ова мора да го знаете: која храна никогаш не смеете да ја блендирате

Во 1992 година изумителот Стивен Поплавски го унапреди готвењето со креирањето на првиот блендер. Иако неговата замисла била да најде начин како да подготви повкусни коктели, овој апарат најде поширока примена, така што денес не може да се замисли кујна без него.

Благодарение на блендерот денес можете да подготвувате смути, коктели, шејкови, сосови и други кремови. Но, при употреба исто така важат правила за безбедно користење – не смеете да ги ставате рацете (или друг прибор) внатре додека е вклучен блендерот , треба да се користи капакот задолжително и т.н. Исто така има и правила за каква храна не смее да се става внатре- со коски, големи парчиња мраз, течна храна.
Врела храна

Врелата храна ако ја ставите во блендер постои опасност да предизвика експлозија. Без разлика дали сакате да направите крем-супа или некој сос, ставањето врели состојки во блендер е многу ризично, затоа што врелата храна испушта пареа, а тоа во блендерот брзо создава притисок кој ќе предизвика експлозија, а од неа и изгореници на луѓето во близина. Затоа задолжително оставете да се излади храната и кога ќе го полните блендерот ставете од состојките помалку од половина. Исто така отргнете го горниот мал капак, за да излегува вишокот топлина од блендерот, а за да не ви се испрска кујната отворот покријте го со кујнска крпа. Или ако не можете да чекате да се лади и полека да блендирате мали порции, користете рачен блендер.


Карфиол

Денес освен обарени главици од карфиол, сè почесто се користи пире или ориз (крупно изблендиран) карфиол. Но, со блендер ова е невозможно да го направите. Проблемот е што при готвење во карфиолот се впива многу вода, без разлика дали го варите во вода или на пареа. Ако го ставите во блендер ќе добиете безвкусна супа. Наместо ова користете процесор за храна или ренде. А ако правите пире од карфиол употребете ја добрата стара рачна алатка за пасирање компири. Карфиолот ќе биде изгмечен во соодветна конзистенција.

Топол зелен листест зеленчук

Без разлика дали е кељ, рукола, спанаќ, блитва, секој зелен листест зеленчук е добар за здрави нискокалорични пијалаци смути. Не содржат шеќер, имаат многу растителни влакна и витамини. Но има една кардинална грешка која често се прави при нивна подготовка во блендер – блендирањето топли листови. За да не се претвори во кафеава каша, ваквиот зеленчук треба да се стави во блендер директно од фрижидер или пак претходно да стои 5 минути во замрзнувач. Причина за појавата на кафеавата боја е кислородот кој реагира со супстанциите во свежиот зеленчук. Ако сакате веднаш да го блендирате зеленчукот, додајте неколку капки сок од лимон или друга кисела течност, што ќе ја спречи дисколорацијата.

Суво овошје

Сушените овошја се користат на безброј начини во готвењето. Но, постои едно правило кое мора да го запомните – не ставајте го сувото овошје во блендер, освен ако немате некој ултра-моќен блендер, кој за неколку секунди ќе го иситни. Во спротивно кај другите блендери од сушеното овошје отапуваат сечилата. Друг проблем е што овошјето ќе се залепи на сечилата и повеќе време ќе изгубите додека ги отстраните остатоците. Ако сепак сакате да го блендирате овошјето ставете го да отстои во вода и да се хидрира, и при блендирање додајте малку од водата.

Варени компири

Пирето е одличен прилог, но ако сакате да имате вкусно воздушесто пире, заборавете на блендерот. За да биде такво пирето потребно е масло кое постепено се додава додека ги пасирате компирите. Во блендер компирите брзо ќе се изгмечат и ќе се претворат во паста која нема да има текстура на пире, туку на лепак. Причина за тоа е што многу брзо се распаѓа скробот и комприте веднаш добиваат непријатен вкус. Затоа изберете рачна алатка за пасирање или пак рачен блендер со кој ќе го контролирате пасирањето.

Леплива храна

Бонбони, карамели и слично, ако ги ставите во блендер можете да го уништите моторот, бидејќи тешко се раздробуваат. Освен тоа на сечилата оставаат остатоци, кои тешко се отстрануваат. Додека тврдите бонбони ќе ги уништат сечилата, дури можат и да ги назабат. Исто така постои опасност да се прегрее блендерот и да му прегори моторот.

И за крај – црн пипер не се обидувајте да го изблендирате во прав, ќе направите правлив хаос во кујната, додека свежиот лук ќе го замириса блендерот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот