Фото: Инстаграм/Норт Вест

„Ова е толку небитна работа!“: Ќерката на Канје Вест има 12 години и самоуверено одговори на критиките за изгледот

Ќерката на Ким Кардашијан и Канје Вест, дванаесетгодишната Норт Вест, повторно се најде во центарот на вниманието поради својот необичен изглед. Со сина коса, лажни пирсинзи и тетоважи на лицето, младата ѕвезда предизвика лавина коментари на социјалните мрежи, а особено внимание привлече начинот на кој им одговори на критичарите.

Кардашијан откри дека нејзината ќерка имала подготвен и мошне зрел одговор за еден обожавател кој ја критикувал поради изгледот.

„Еден човек ѝ остави коментар, а таа му одговори: ‘Ова е толку небитна работа’. Мислам дека тоа беше одличен одговор“, изјави старлетата во емисијата „GOAT talk“.

Фото: Инстаграм/Норт Вест

Ова не е првпат Норт да се соочи со реакции во јавноста. Претходно беше критикувана поради пирсингот што го носеше на кошаркарски натпревар, како и поради видеата на нивниот заеднички профил на ТикТок, каде што таа и нејзините пријателки се појавуваат во облека која некои ја сметаат за несоодветна за нивната возраст.

Кардашијан ја бранеше својата ќерка во еден поткаст, каде што објасни дека децата денес носат слична облека, но дека јавноста често е построга кон неа и нејзиното семејство.

„Сите деца се облекуваат исто, но кога тоа ќе го направи мојата ќерка, сите зборуваат за тоа. Тогаш си велам: ‘Добро, тоа повеќе нема да го носиме’. За жал, грешката ја направивме пред целиот свет“, искрено призна Кардашијан.

 

Кардашијан вели дека нејзината ќерка има силен креативен дух, кој не сака да го задуши.

„Ако сака сина коса, нека има сина коса. Тоа ја прави среќна. Никогаш не би ѝ ја одзела таа креативност. Секој родител што сам одгледува четири деца знае колку е тоа тешко. Го правам најдоброто што можам“, вели гордата мајка.

На крајот, Кардашијан појасни дека целиот изглед бил дел од костим за Ноќта на вештерките.

„Норт и нејзините пријателки ги обожаваат костимите. Ставија лажни тетоважи, пирсинзи и обоена коса. Изгледаа како модерна верзија на моќните девојчиња. Тоа беше нивна идеја и само забава“, изјави таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот