Ова баш секој мора да го прочита: Најубавите зборови на големите уметници за љубовта и среќата напишани некогаш!

Само со срцето може да се гледа правилно…

Многумина пишувале за љубовта, создавале и војувале во нејзино име, биле инспирирани од неа; многумина дури се обиделе да ја објаснат, научат и разберат, но за некои љубовта исто така претставувала најголемо страдање и болка. Погледнете што велат некои од најпознатите уметници, одлични умови, значајни историски и современи личности за љубовта, но и за среќата.

За љубовта…

  • Може ли некогаш да се заборави она што некогаш се љубело? –  Жан Жак Русо
  • Ниту фустанот не треба да се крпи, а камоли љубовта. Подобро е да заминете. – Меша Селимовиќ
  • Бакнежот е прекрасен трик дизајниран од природата за да престане говорот кога зборовите стануваат излишни. – Ингрид Бергман
  • Бракот се состои од три работи: љубов, доверба и трпеливост . – Бранислав Нушиќ
  • Ако сакаш некого, кажи му го тоа, затоа што срцето може да се скрши дури и од зборови што недостасуваат … – Жарко Лаушевиќ
  • Љубовта нема години, таа секогаш се раѓа. – Блез Паскал
  • Заљубувањето е нешто добро, забавно и може многу да го збогати животот . Но, тоа е различно од љубовта. Љубовта нема цена и не треба да се менува за ништо. – Пауло Коељо
  • Оние кои сакаат длабоко, никогаш не стареат; дури и ако умрат од старост, умираат млади. – Жарко Лаушевиќ
  • И ако воопшто знам што е љубов, тогаш тоа го знам поради тебе– Херман Хесе 

За среќата …

  • Треба да се навикнете на малку тага во животот. Вие нема да знаете која е вистинската среќа, ако немате со што да ја споредите. – Пауло Коељо
  • Кој мисли дека е среќен, тој е навистина среќен. – Јован Дучиќ
  • Кој има среќа, не му треба ништо друго. – Матија Бечковиќ
  • Тој што има среќа во картите, нема во љубовта. Да, а тој што нема среќа во љубовта, нема во ништо. – Ѓорѓе Балашевиќ
  • Среќата е смислата и целта на животот, целата цел и крајот на човечкото постоење. – Аристотел
  • Среќата ја одредува состојбата на нашиот дух, а не настаните. – Далај Лама
  • Не зависи од тебе дали ќе бидеш богат, но зависи од тебе дали ќе бидеш среќен. – Епиктет
  • Успех е да го добиеме она што го сакаме. Среќа е да го сакаме она што го добиваме. – Дејл Карнеги
  • Среќата е како палата од бајка која ја чуваат змејови. Мора да се бориме за да ја освоиме. – Александар Дима
  • Сјајот на една топла мисла за мене вреди повеќе отколку парите. Среќата не ни ја носи богатството и луксузот, туку смиреноста и работата. – Томас Џеферсон
  • И скромната среќа исто така е среќа. Подобро е сламена колиба во која сите од срце се смеат, отколку мермерна палата во која сите плачат! – кинеска поговорка.
Видео на денот