Откриено со кого се гледа Адел: Дошол кај неа доцна во ноќта и сакал да се скрие, ама не успеал

Фото:Профимедиа

Адел и Крис Браун се запознаа во 2013 година на Греми музичките награди и тој бил воодушевен од пејачката.

Фото: Јутјуб/Принтскрин

Британската пејачка Адел (32) во последните месеци го привлече вниманието на јавноста со нејзината голема физичка трансформација, односно губењето на околу 45 килограми од нејзината тежина.

Фото: Инстаграм

Но, освен изгледот, многумина беа заинтересирани со кого се состанува Адел откако се разведе во 2019 година по три години брак со претприемачот Симон Конечки (46), со кого го доби и синот Енџел (7).

Адел со поранешниот сопруг Симон Конечки Фото: Профимедиа

Се шпекулираше дека Адел брзо го надминала тешкиот период по разводот и дека релативно брзо започнала врска со раперот Џозеф Јуниор Аденауга, попознат како Скепта (37) со кого и била видена во јавноста.

Фотографијата под која Џозеф и се додворува на Адел Фото: Инстаграм

Покрај тоа, тие и јавно си се допишуваа на социјалните мрежи. „Конечно го добив твојот линк на Инстаграм“, и напиша Џозеф под една фотографија на Инстаграм профилот на Адел на која пејачката го гледа нејзиниот концерт на музичкиот фестивал „Гластонбери“.

Се чини дека не било толку сериозно со Џозеф и како што пишува „Сан“, минатата сабота раперот Крис Браун (31) дошол среде ноќ во домот на Адел во западен Лондон.

„Тие се обиделе да го сокријат неговото пристигнување, но не успеале од папараците. Тој пристигнал среде ноќ и не заминал до два часот по полноќ. Крис пристигнал во огромен, затемнет автомобил и со многу телохранители кои го следеле со други возила“, изјави извор за „Сан”.

Фото: Јутјуб/Принтскрин

Интересно, Крис е добар пријател на неговиот колега Скепт, за кого беше напишано дека е во врска со Адел. Инаку, Браун ја запозна пејачката во 2013 година во Лос Анџелес на доделувањето на музичките награди „Греми“ каде беа фотографирани додека разговараа. Тој беше толку воодушевен по што и посвети објава на Твитер.

Фото: Јутјуб/Принтскрин

„Беше задоволство да те запознаам, Адел. Ги слушнав твоите зборови и тоа е единственото што е важно. Ви благодарам што ја кажавте вистината”, напиша тој.

Според странските медиуми, Крис е во врска со манекенката Амика Харис, со која често раскинува, а неодамна објави фотографија од нив на Инстаграм.

Патем, Браун секогаш ќе биде повеќе познат по ужасното насилство што го изврши во 2009 година врз неговата поранешна девојка, пејачката Ријана (32).

Фото: Профимедиа

Фотографија на која Ријана плаче, а лицето и е подуено со бројни модринки го обиколи светот во секунда, но и по тој немил настан, пејачката беше неколку пати видена во негово друштво. Поради тоа, таа често беше критикувана, особено од разни здруженија на жени, кои истакнаа дека испраќа погрешна порака до девојките и жените.

Во јануари 2013 година, таа накратко ја обнови врската со Браун, но на крајот на годината кончено раскинаа. Дури и по раскинувањето, Крис честопати и оставаше комплименти на објавите на социјалните мрежи, со што дополнително ги разгневуваше нејзините обожаватели.

Фото: Профимедиа

Браун доби пет години условна казна и општо корисна работа. Токму поради овој ужасен настан, на раперот му беше забрането да доаѓа во Велика Британија, а таа одлука очигледно беше укината со текот на годините. Адел веќе е на удар на јавните критичари за дружење со Крис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот