Освежете го и исчистете го вашето тело со овој напиток од оцет

Јаболковиот оцет, поради својот состав, има повеќе благотворни дејства на организмот…

Јаболковиот оцет има малку необичен вкус на кој треба да се навикнете, но во комбинација со другите состојќи, вкусот се губи. Неговото позитивно дејство на организмот одамна е познато – го ублажува артритисот, остеопорозата, киселините, придонесува за подобро варење на мастите и белковините, а е корисен и во диетите, го намалува нивото на холестерол во крвта, штити од срцеви болести, ја ублажува и болката во грлото бидејќи делува антисептички…

Ви претставуваме еден исклучително вкусен и здрав напиток кој можете да го подготвите сами дома.

Потребни ви се следните состојки…

– 1- 2 лажици органски јаболков оцет

– ¼ шоља сок од јаболки

– мало парче свеж ѓумбир (колку 1 мала лажица)

– 1/8 лажица цимет

– 1 лажица мед

– 240 мл вода

Направете најдобар свежо цеден сок од јаболки така што во соковник ќе ставите една јаболка и парче ѓумбир. Во исцедениот сок додадете го јаболковиот оцет, циметот, медот и водата и се добро измешајте за состојките да се соединат. Пробајте и доколку е потребно, додадете уште малку мед.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот