Ослабела 50 килограми пред свадбата! Како? Го исфрлила ова од исхраната! (ФОТО)
За Австралијанката Кајли Мулчахи потрагата по венчаница изгледала како вистински кошмар бидејќи се плашела дека нејзините 120 килограми нема да ги собере во ниту една.
Поради тоа одлучила да го промени начинот на живот и до својата венчавка во 2019 година загубила повеќе од 50 килограми и без проблеми влегла во облеката со број 38.
Во битката со килограми тргнала во 2016 година, кога го земала приватниот тренер кој за неа изготвил план за исхрана и вежбање. Нејзиниот план за исхрана бил составен од најмногу зеленчук и протеини, а редовно консумирала и заменски шејкови.
Изгубила 15 килограми, но вистинското губење започнало дури кога и биле дијагностицирани полицистични јајници. Нутриционистот тогаш и кажал од исхраната да ги исфрли млечните производи и глутенот.
Тој нов план на исхрана, насочен најмногу кон исфрлување на млечните производи, во комбинација со редовното вежбање резултирало со драстично намалување на килограмите.