Павел Таланкин / Фото: Doug Peters / Alamy / Profimedia

Оскарот на рускиот режисер Павел Таланкин исчезна по лет од Њујорк, не му дозволиле да го внесе во авион

Оскаровецот Павел Таланкин остана без својата статуетка откако таа исчезнала за време на лет од Њујорк кон Германија.

Таланкин изјави дека наградата ја носел во рачниот багаж, но безбедносните служби на аеродромот „Џон Ф. Кенеди“ не му дозволиле да ја внесе во авионот, со образложение дека може да се искористи како оружје. Поради тоа, бил принуден да ја спакува и да ја испрати како чекиран багаж.

Меѓутоа, по слетувањето во Германија, Оскарот веќе го немало.

Авиокомпанијата „Луфтханза“ соопшти дека случајот го третира со „највисок степен на итност“ и дека е во тек детална интерна потрага за да се пронајде и врати наградата.

„Длабоко жалиме за ситуацијата. Нашиот тим работи интензивно за што побрзо да го лоцира Оскарот“, се наведува во соопштението.

Таланкин ја освои престижната награда за документарниот филм „Господин Никој против Путин“ („Mr Nobody Against Putin“), кој ја обработува пропагандата во руските училишта по почетокот на војната во Украина во 2022 година.

Според неговите соработници, режисерот и претходно патувал со наградата, како и со признанието БАФТА што исто така го доби годинава, без никакви проблеми.

Тој често го носи Оскарот на јавни проекции и настани, а за време на престојот во Њујорк го покажал и пред студенти на универзитет.

Во меѓувреме, филмот е забранет на неколку платформи во Русија, со образложение дека „промовира екстремизам и тероризам“, додека самиот Таланкин живее во егзил од безбедносни причини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот