Оригинален традиционален рецепт за кадаиф

Фото: Профимедиа

Во категоријата колачи прелиени со агда (прелив од вода и шеќер), кадаифот е еден од најпребирливите за подготовка, бидејќи бара умешност за мешање на резанките, специјална машина за развивање и сечкање, како и време за сушење на тестото.
Домаќинките трошеле неколку денови за подготовка на овој рецепт – еден ден за подготовка на тестенините, барем еден ден за чекање да се исушат, а третиот ден за подготовка на колачот.

Но, доколку купите готови тестенини, за многу кратко време и без мака ќе го направите овој деликатес со неодолив вкус.

Состојки:

– 400 г резанки за кадаиф
– 125 г путер
– 150 г ореви
– 800 мл вода
– 700 г шеќер
– 2 ќесички ванилин шеќер
– сок од половина лимон

Подготовка:

Тепсијата премачкајте ја со една третина од подготвениот путер, па распоредете ги резанките и врз нив ставете го преостанатиот путер исечен на ленти. Вклучете ја рерната на 150 степени и печете го кадаифот додека не порумени.

Додека се пече кадаифот, сварете го шербетот. Во тенџере сипете вода, шеќер, ванилин шеќер и сок од половина лимон, па кога агдата ќе зоврие варете уште 15 минути и потоа извадете го тенџерето од шпоретот.

Исечкајте ги оревите, распоредете ги врз испечените тестенини, па потоа со две виљушки нежно растресете ги тестенините во тепсијата. Добар кадаиф подразбира дека сите резанки се покриени со путер. Потоа преливот сипете го врз кадаифот и оставете го деликатесот да отстои најмалку 12 часа.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот