Организаторот на Австралија Опен размислува да го пресели турнирот од Мелбурн поради Ѓоковиќ?

Новак Ѓоковиќ е актуелен шампион на Австралија Опен/ фото: EPA-EFE/DEAN LEWINS

Првиот грен слем турнир секоја година традиционално е Австралија Опен, но прашање е дали идниот турнир ќе се одржи во Мелбурн.

Австралиската сојузна држава Викторија донесе строги мерки кога станува збор за пандемијата на коронавирусот и сите лица кои не се вакцинирани не смеат да влезат во оваа држава. Меѓу нив е и од најдобриот светски тенисер и актуелен шампион на Австралија Опен, Новак Ѓоковиќ.

Англискиот весник „Дејли Меил“ пишува дека организаторите поради невакцинираните тенисери и тенисерки, сериозно размислуваат да го преместат престижниот турнир во некој од другите градови во Австралија како Сиднеј или Бризбејн каде нема толку строги мерки.

Ѓоковиќ е вакциниран и ќе игра на Австралија Опен?

Новак Ѓоковиќ засега се нема изјаснето дали се вакцинира против коронавирус, а медиумите во САД тврдат дека тој тоа го направил и како доказ понудија фотографија од Централ Парк во Њујорк, каде за време на музичкиот фестивал Самерстејџ, смееја да присуствуваат само вакцинирани лица. На фотогеафијата е тому Ѓоковиќ што за медиумите во САД е доволен доказ дека тој се вакцинирал.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот