Ѓоковиќ е вакциниран и ќе игра на Австралија Опен?

Ѓоковиќ е актуелен шампион на Австралија Опен/ фото: EPA-EFE/DEAN LEWINS

Првиот тенисер на АТП ранг-листата, Новак Ѓоковиќ се најде во центарот на вниманието на јавноста поради една фотографија која според медиумите во САД е доказ дека тој е вакциниран против коронавирус.

Пред неколку дена властите на австралиска сојузна држава Викторија чиј главен град е Мелбурн, донесе одлука сите спортисти кои сакаат да се натпреваруваат на нивна територија мора да бидат ваквинирани против коронавирус.

Тоа значи дека сите тенисери кои планираат да настапат на Австралија Опен мора да се вакцинираат, по што голем број на медиуми шпекулираат дека поради ваквата одлука можно е актуелниот шампион Новак Ѓоковиќ да го откаже настапот.

Но, медиумите во САД пишуваат дека Ѓоковиќ е вакциниран и ќе учествува на Австралија Опен.
Порталот „Sportskeed“ дојде до ваков заклучок на основ на една фотографија, односно Ѓоковиќ е фотографиран за време на музичкиот фестивал во Њујорк, Самерстејџ.

Тоа и не е некоја вест, но еден момент е важен и според порталот е доказ дека Ѓоковиќ е вакциниран. Имено, на музичкиот фестивал не можеше да се присуствува без потврда за ваквинација бидејќи само тие кои се вакцинирани можеа да влезат во Централ Парк, каде е фотографиран токму Новак Ѓоковиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот