Опра Винфри првпат за интервјуто со Меган и Хари: Кога го рекоа тоа, морав да го прекинам снимањето!

Profimedia
Фото: Профимедиа

Славната водителка Опра Винфри  (67) првпат јавно проговори за интервјуто кое го направи со принцот Хари и Меган Маркл, за кое и понатаму се зборува.

Водителката истакнала дека не ни претпоставувала колкаво внимание ќе привлече целата приказна и дека интервјуто ќе одекне низ целиот свет. Како што наведува, таа само сакала да му овозможи на парот да ја раскаже својата страна од приказната и да ја открие вистината која може да се слушне само од актерите на приказната, пишува „Дејли мејл“.

                                                          Фото: Профимедиа

Опра рекла и дека најголемо изненадување за неа било тврдењето дека членови на кралското семејство дебатирале за бојата на кожата на принцот Арчи (синот на Хари и Меган), и дека тогаш морала да направи пауза за да си дојде при себе.

– Прашав: „Што? Навистина ќе одите толку далеку?“ – се присетила Опра.

Водителката признава и дека пред снимањето на интервјуто, разговарала со Меган и Хари за тоа како ќе изгледа сè и во која насока ќе се одвива разговорот, како што тоа го прави и со другите гости.

– Причината зошто интервјуто доби толкави размери е тоа што за соговорници имав некој кој беше отворен, ранлив и искрен – раскажала Винфри.

„Не си ги препишувам заслугите за ова интервју, јас придонесов со тоа што поставував прашања, но интервјуто испадна такво какво што е поради начинот на кој тие одговараа на истите“, додала познатата водителка.

                                                                        Фото: Профимедиа

Интервјуто траеше повеќе од три часа, а Опра ѝ рекла на екипата што го снимала шокантното интервју дека не смеат никому да ги откријат деталите од интервјуто пред да биде емитувано.

– Пуштавме делови на Си-би-ес и го правевме тоа на начин што ништо не може да биде погрешно протолкувано. Беше вложено во тоа многу труд и енергија – додала таа.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот