1.1 C
Скопје

Оксфордско истражување за коронавирус: Мали се шансите за вакцина пред Божиќ

Директорот на Оксфордската студија која ја испитува вакцината за коронавирусот вели дека постои „мала шанса“ вакцината да биде подготвена пред Божиќ.

EPA-EFE/JAMES ROSS

Ендру Полард, кој е на чело на тимот што ја истражува вакцината, пред Комитетот за наука и технологија изјави дека е „оптимист“ дека Универзитетот во Оксфорд може да ги претстави резултатите и дали вакцината ќе се пушти во употреба пред крајот на годината, пренесува „Sky News“.

На прашањето дали вакцината ќе биде готова до Божиќ, тој изјави: „Постојат мали шанси да се случи тоа, но засега не знаеме“.

Нашите испитувања се само еден од многуте истражувања што се спроведуваат низ целиот свет, од кои некои може да бидат завршени пред крајот на годината“, додава тој.

Прочитајте и...  HBO подготвува серија за Хари Потер
EPA-EFE/FRIEDEMANN VOGEL

Сепак, тој рече дека временската рамка за примена на вакцините сè уште останува нејасна. Вакцината за коронавирус сè уште не е одобрена и ќе мора да помине низ многу регулативи за да се потврди дали е безбедна и ефикасна пред да почне да се користи.

Постојат две водечки компании кои во моментов се во доцни фази на клинички испитувања и кои можат да испратат клинички податоци до регулаторните тела во рок од неколку недели.

EPA-EFE/BORIS PEJOVIC

Станува збор за потенцијални вакцини од германската компанија „BioNtech“ и американската фармацевтска компанија „Pfizer“, како и Универзитетот во Оксфорд и „AstraZeneca“.

EPA-EFE/JAMES ROSS AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Полард изјави дека Агенцијата за храна и лекови на САД утврдила дека вакцината за да биде ефикасна треба да биде делува во најмалку 50% од случаите. Но, засега нема податоци за ефикасноста на кој било кандидат за вакцина, пренесува „Sky News“.

Прочитајте и...  Британски, бразилски, јужноафрикански: Што засега се знае за новите соеви на коронавирусот и колку се опасни?

Поврзани вести

Кејт Хадсон раскажа за својот татко кој го напуштил семејството кога таа била дете

Слободен Печат

4 хороскопски знаци на кои им претстои период исполнет со среќа и успеси според ѕвездите

Слободен печат

Редок камен со необична сличност со „Cookie Monster“ со вредност од 10.000 долари

Слободен Печат

Лидија Вукичевиќ за Риалда Кадриќ: „Таа беше прекрасна и ведра личност“

Слободен печат

Ново истражување: Многу луѓе веќе имаат одреден степен на имунитет на ковид-19, еве зошто

Слободен Печат

Ненадејно почина Риалда Кадриќ: Ќе остане запаметена по улогата на Марија од „Жикина династија“

Слободен печат

Остави Коментар