Околу 3.300 луѓе во БиХ годишно умираат поради аерозагадувањето

ФОТО: EPA

Не изостанува и Македонија, чии градови неретко се наоѓаат на топ 10 листите на најзагадени градови во светот.

Околу 3.300 граѓани на Босна и Херцеговина годишно умираат како последица на аерозагадувањето во градовните низ таа држава. Светската банка во Сараево, пак, предупреди дека државата губи повеќе од милијарда долари годишно поради овој акутен проблем.

Жителите на голем дел од градовите во БиХ веќе со недели се гушат во загадениот воздух кој содржи голема количина штетни честички. Затоа СБ вели дека оваа состојба е неодржлива и побара властите веднаш да преземат мерки за да се реши проблемот со аерозагадувањето.

Покрај големиот број на термоелектрани, кои работат на јаглен, поради сиромаштијата голем дел од граѓаните се понудни да се греат на пластика и гуми, што дополнително го загадува воздухот.

Според статистиките, проблемот со аерозагадувањето е најголем во Сараево и Бања Лука, каде што починале 16 отсто од вкупниот број.

Освен БиХ, речиси сите останати држави на Балканот се соочуваат со овој проблем. Не изостанува и Македонија, чии градови неретко се наоѓаат на топ 10 листите на најзагадени градови во светот. Според Светска банка, во Македонија годишно умираат 1.700, додека на Косово 760 луѓе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот