ОЈО спроведе истрага против уште едно лице осомничено за грабнувањето на Самоил Костадиновски

Фото: Фокус

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека било вклучено во грабнувањето на Самоил Костадиновски, внукот на Љубе Бошковски.

Осомничениот на 3 март, заедно со уште две други лица против кои веќе се води истрага, учествувале во дејствија на грабнување на едно лице во Кисела Вода. Се преземаат дејствија за лишување од слобода на осомничениот – соопштија од ОЈО Скопје.

Самоил Костадиновски исчезна во март годинава и оттогаш од него нема трага. За грабнувањето на Костадиновски полицијата приведе две лица, но него не успеа да го пронајде.

ВИДЕО | Снежана Јаковлеска тврди: Мојот син нема никаква врска со исчезнувањето на внукот на Љубе Бошкоски, а полицијата му врши притисок

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот