Охридскиот Завод и музеј има рок од 30 дена да преземе мерки за санирање и заштита на оштетената куќа на Владо Малески во Струга
На Заводот и Музеј Охрид му е даде рок од 30 дена да преземе итни мерки за заштита на локацијата каде е оштетената Спомен-куќа на Владо Малески во Струга, да даде насоки за идни чекори, но и да направи проценка на штетата на објектот кој има големо историско и културно значење, се вели во заклучоците од инспекцискиот надзор од Управата за заштита на културното наследство чии инспектори вчера повторно беа на терен, објави СДК.
Препорачано
Минатиот месец поради изградба на објект во Струга, беше оштетен ѕид и кровот на куќата-музеј на Малески, авторот на текстот на македонската химна, која е споменик заштитен како културно наследство.
Директорот на националната установа Завод и Музеј Охрид Горан Патчев, во куса изјава за СДК, вели дека во најкраток можен рок ќе постапат по насоките по што ќе се преземат итни неопходни мерки за спречување натамошно оштетување на куќата. Отпочнати биле и подготовките за изработка на конзерваторски проект за санација на објектот, но колку ќе чини санацијата допрва ќе се утврдува.
Полицијата и Јавното обвинителство сѐ уште истражуваат дали има пропусти во градежната документација со која сопственикот на објектот ги започнал градежните работи со кои предизвикал оштетување на Спомен-куќата. Неофицијално кривичната пријава ќе биде поднесена веднаш откако ќе се направи градежно вештачење за да може да се утврди вина.
ФОТО/ВИДЕО: Во Струга ја урнале куќата на Владо Малески, авторот на македонската химна


