Ограбена руска тенисерка, крадците и ги земале и олимписките медали

Веснина на Игрите во Токио го освои сребрениот медал во мешани двојки играјќи заедно со Аслан Карацев/ фото: EPA-EFE/MAST IRHAM

Олимписката шампионка од Олимписките игри во Рио де Жанеиро 2016 година како и вицешампионка од Игрите во Токио, Елена Веснина доживеа вистинска траума во Москва.

По враќањето од вечера со сопругот Павел, ги дочека обиен дом.
Прва мета на ограбувачите им бил сефот поради што полицијата се сомнева дека делото го извршиле лица кои ги познаваат тенисерката и нејзиниот сопруг бидејќи исто така знаеле каде се наоѓаат и останатите скапоцени работи, како што се олимписките медали на Елена Веснина.

Засега е познато дека крадецот или крадците се искачили преку оградата и влегле во домот на руската тенисерка.
– Бевме излезени неколку часа. Кога се вративме од вечера откривме дека ми се украдени и медалите. Тие се наоѓаа во спортска торба и не беа на видливо место – изјави Веснина за руски „Комерсант“.

Познато е дека и алармот во домот на тенисерката не работел, а крадците ги украле сите скапоцености кои биле во сефот, додека ги оставиле документите .
– Во секој случај и обиен е и сефот, а од него е земен целиот накит. Документите не се земени – додаде Веснина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот