Фудбалскиот клуб Ренова продолжува оваа зима со ангажирање на нови засилувања пред вториот дел од сезоната.
„Гипсарите“ денеска ги промовираа Арбен Тафа за многу посилна одбрана, како и Фатјон Јусуфи кој игра на позицијата лево крило.
Претходно во клубот пристигнаа уште словенечкиот фудбалер од средниот ред, Марко Гајиќ и голманот Вулнет Исљами. На позајмица од Шкендија дојде Арлинд Алити, од клупската школа дојдоа Ерен Мемеди и Амар Емрули, нов играч е и Колумбиецот Џон Еду Мена Перез.
Си заминаа Валон Незири, Артан Велију, Арменд Алиу, Алтин Сефо и Сулејман Кулибали.
И сезонава Ренова има амбиции за опстанок во елитата, моментно е на деветтата позиција со 19 бодови.