ВИДЕО: Цветаноски се надева на шампионска титула со Шкупи!

Фото: fcshkupi.com

Еден од најдобрите играчи во есенскиот дел од шампионатот, Матеј Цветаноски (23) денеска потпиша договор на две години со ФК Шкупи.

Еден од најпосакуваните во зимскиот преоден рок одлучи да ги брани боите на клубот од Чаир, претходно ги бранеше боите на Вардар. А пред да им се придружи на „црвено-црните“, беше дел уште од екипите на Македонија ЃП и Пелистер.

Може да настапува на сите напаѓачки позиции и тој е среќен што ќе го носи дресот на Шкупи кој има богата историја во нашата земја и на меѓународната сцена.

– Понудата која ми беше дадена беше најдобрата за мојата фудбалска кариера. Се надевам дека ќе ја освоиме титулата, сакам да му помогнам на клубот. Благодарност за топлото добредојде, се познавам со дел од фудбалерите и верувам дека брзо ќе се адаптирам на играта – рече Цветаноски.

Моментно на табелата Шкупи е на втората позиција со 33 бодови во Првата лига, шест помалку од водечката Шкендија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот