Официјално: Наполи ќе игра на стадионот „Диего Армандо Марадона“

Фото: EPA-EFE/CESARE ABBATE

Градските власти во Неапол официјално објавија дека стадионот „Сан Паоло“ во иднина ќе го носи името на аргентинската фудбалска легенда.

Диего Армандо Марадона почина во средата на 25 ноември на 60-годишна возраст и веднаш беше објавено дека стадионот на Наполи ќе го носи неговото име.

Во 1984 година „како најскап фудбалер дојде во најсиромашниот град“ и му донесе незамислива среќа на Наполи, односно му ги донесе првите и досега единствените две титули шампион на Италија, националниот Куп и УЕФА купот за период од седум години до 1991.

Откако Наполи ја објави намерата стадионот да го носи името по Марадона, се појавија одредени административни проблеми и правила дека едно лице мора да биде починато десет години пред да го носи името на спортскиот објект.

– Со одлуката одобрена денеска, стадионот ќе се вика „Диего Армандо Марадона“. Одлуката беше предложена од градоначалникот на градот Неапол, Луиџи де Маџистрис. Веднаш по состанокот на Извршниот комитет, Советодавната комисија за градски знаменитости го одобри предлогот на градоначалникот, градскиот советник и самиот Совет да го именува стадионот „Сан Паоло“ како стадион „Диего Армандо Марадона“ – се вели во соопштението на градските власти во Неапол.

Свештениците се противат на преименувањето на „Сан Паоло“ во Диего Марадона!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот