Свештениците се противат на преименувањето на „Сан Паоло“ во Диего Марадона!

Фото: EPA-EFE/CIRO FUSCO

Група свештеници испратиле писмо до наполитанскиот архиепископ Крешенцо Сепе, во кое го молат да се спротивстави на преименувањето на стадионот „Сан Паоло“ во „Диего Армандо Марадона“, пишува „Ил Матино“.

Како што е познато, градоначалникот на градот Луиџи Де Маџистрис објави дека во наредните денови објектот ќе биде преименуван во спомен на починатата легенда на фудбалот.

Но, свештениците не сакаат името нa Сан Паоло (St. Paul) да се отстрани од стадионот, но нудат компромисно решение.

– Стадионот Сан Паоло треба да го носи името на светецот кој ни го донесе Исус. Со скромност, чувствуваме одговорност да ви кажеме. Сите се согласуваме за една работа, не сакаме целосно ново име. Би било добро стадионот да се нарече „Сан Паоло – Марадона“, како што во Милано е „Сан Сиро – Меаца“.

Тоа би бил вистинскиот компромис за зачувување на верата и чест на шампионот (Марадона) – стои во писмото, потпишано од Дон Салваторе Џулијано, Дон Луиџи Мерола, Дон Кармин Аморе, дон Лело Понтичели и дон Армандо Санино.

Има еден човек кој сè уште не знае за смртта на Марадона!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот