Има еден човек кој сè уште не знае за смртта на Марадона!

Фото: Твитер

Додека целиот свет десетина дена се збогуваше со големиот Диего Армандо Марадона, има еден човек кој сè уште не знае за неговата смрт.

Тоа е поранешниот селектор на Аргентина, Карлос Биљардо, кој им донесе светска титула на „гаучосите“ (втора нивна титула во историјата) во 1986 година во Мексико.

Биљард долго време беше во болница на лекување, а кога неговиот брат Хорхе дојде дома, се погрижи да не дознае за смртта на неговиот најомилен фудбалер, Марадона. Барем додека неговата здравствена состојба не се стабилизира..

– Ги исклучивме сите телевизии, не сакаме да биде шокиран. Тоа би го повредило многу, можеби неговиот живот би бил загрозен. Ја исклучивме кабелската телевизија под изговор дека има проблем со приемот на сигналот. Му пуштавме серии од „Нетфликс“ – рече Хорхе.

Синот на Карлос е свесен дека оваа вест не може да се крие засекогаш. Затоа тој го замоли Оскар Руџери, еден од членовите на шампионската генерација од 1986 година да му ја соопшти тажната вест.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот