Официјално: На 30 јули се враќа и НБА лигата

EPA-EFE/LARRY W. SMITH

Раководството на НБА-лигата и Здружението на играчи (НБПА) постигнаа договор со кој ќе се овозможи сезоната на 30 јули да продолжи во кампусот „Дизни ворлд“ во близина на Орландо, Флорида.

Многу од деталите се веќе познати, како што се здравствените и безбедносните протоколи за 22 екипи што ќе учествуваат. Исто така е познато дека сите натпревари ќе се играат без гледачи во три различни сали.

НБА: 16 играчи позитивни на коронавирус

Во тој комплекс, индивидуалните тренинзи треба да започнат уште на 1 јули, а целите состави би пристигнале на Флорида на 7 јули, бидејќи е предвидено тренинг камповите да започнат на 9 јули и траат до 29 јули.

Лигата наскоро ќе го објави распоредот од 88 натпревари, потсетување дека сезоната е во прекин од 11 март откако беше откриено дека центарот на Јута џез, Руди Гобер е позитивен на Ковид-19.

До прекинот на сезонава (2019/2020) во Источната конференција лидер беше Милвоки Бакс (53 победи, 12 порази), а на Западот на врвот беше Лос Анџелес Лејкерс (49-14).

Работевме заедно со НБПА за да направиме план за враќање кој ќе даде приоритет на здравјето и безбедноста, ќе ја зачува правичноста на конкуренцијата и ќе обезбеди платформа за решавање на проблемите со социјалната правда – рече комесарот на НБА-лигата, Адам Силвер.

Лигата и играчите воедно се согласија да го користат медиумскиот простор за време на враќањето на натпреварувањето за да помогнат во преземањето чекори за борбата против системскиот расизам.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот