НБА: 16 играчи позитивни на коронавирус

Прв информацијата ја објави Адријан Војнаровски, а потоа и потврдена од првите луѓе на најсилната лига на светот.

Кошаркарската НБА лига соопшти дека од 302 тестирани играчи, позитивни се 16 на Ковид-19.

Имињата не се објавени, сите ќе останат во самоизолација додека не ги завршат јавните здравствени протоколи.

но од претходно е познато дека тројца од редовите на Сакраменто Кингс се заразени: Бади Хилд, Џабари Паркер и Алекс Лен.

Позитивен тест доби и српскиот интернационалец од екипата на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот