Официјално: Рој Хоџсон го напушти Кристал палас
Досегашниот менаџер на Кристал палас, Рој Хоџсон повеќе нема да ја извршува таа функција, официјално потврдија од лондонскиот фудбалски клуб.
Препорачано
Хоџсон раководеше со Кристал палас шест сезони и вкупно 200 натпревари.
Беше на клупата на Кристал Палас во два наврати – од 2017 до 2021 година, како и од март минатата година додека не одлучи да го напушти клубот.
Тој беше заменет првиот пат пред Патрик Виера да ги преземе „Орлите“ и да го трансформира тимот, а потоа се врати за да го спаси клубот од испаѓање – што и го направи.
– Овој клуб е единствен и многу ми значи. Уживав во своите шест години како тренер на Кристал палас и затоа што добив шанса да го правам она што го сакам со врвни фудбалери и други колеги. Одлуката ја донесов врз основа на моменталните околности, најважно за клубот е да ја испланира својата иднина. Затоа поднесувам оставка, за клубот побрзо да се посвети на своите планови и на следниот менаџер – изјави англискиот стручњак.
Roy Hodgson has stepped down from his post as first-team manager.
We thank Roy for his outstanding service, in which he managed 200 games across six seasons.
— Crystal Palace F.C. (@CPFC) February 19, 2024


