Официјално: Денис Шредер се враќа во Лос Анџелес лејкерс

Германскиот репрезентативец Денис Шредер има одлични игри на ЕП 2022/фото: EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Германскиот репрезентативец благодарение на своите одлични игри се враќа во НБА екипата на Лос Анџелес лејкерс.

Денис Шредер моментно со својата национална селекција е на Европското првенство на кое в недела ќе се бори за бронзениот медал против Полска.

Пред стартот на ЕП, 29-годишниот Шредер немаше клуб, стана слободен играч во текот на трејдот на Бостон и Хјустон.

„Езерџиите“ објавија дека Германецот е нивни нов играч и за една сезона ќе добие 2,4 милиони евра.

Тој веќе играше за Лејкерси во сезоната 2020/2021 и тогаш имаше просек од 15,4 поени и 5,8 асистенции по меч.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот