Официјално: Борко Ристовски до крајот на годината во Лемго

фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Голманот Борко Ристовски во следните два месеци ќе биде член на бундеслигашот Лемго, како позајмен играч. Потоа, се враќа во Вардар каде ќе настапува во пролетниот дел од сезоната.

Управата на Лемго се обрати до Вардар со молба да им го позајми македонскиот голман до крајот на годината со оглед на тоа што нивниот се повредил (Урх Кастелиц), а имаат важни мечеви во домашното првенство.

Вардар со задоволство одговори на барањето на Лемго и го ослободи Ристовски, чиј трансфер беше денеска целосно комплетиран и тој до крајот на годината ќе настапува во Бундеслигата.

– Среќен сум што ќе играм повторно во најсилната лига на светот и ќе го дадам максимумот во следните недели месеци да му помогнам на Лемго на најдобар можен начин – вели Ристовски за официјалниот клупски сајт на Лемго.

Претходно во Германија нашиот чувар на мрежата ги бранеше боите на Гумерсбах и Рајн-Некар Левен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот