Одреден нов датум на боксерскиот спектакл Фјури – Вајлдер

EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Третиот бокс меч по меѓу тешкашите Тајсон Фјури и Дионтеј Вајлдер ќе се одржи на 9. октомври во Лас Вегас, официјално потврдија промотерите на двајцата боксери.
Претходно бокс мечот требаше да се одржи на 24. јули но е одложен бидејќи Фјури беше позитивен на коронавирус.
Затоа денеска и официјално е објавено дека Тајсон Фјури на 9. октомври ќе го брани шампионскиот појас во ВБЦ верзијата против Дионтеј Вајлдер и тоа ќе биде нивен трет меч.

Првиот меч кој се одржа во Лос Анџелес во 2018 година заврши нерешено, додека на вториот бокс меч кој се одржа во февруари 2020 година во Лас Вегас, славеше Фјури со нокаут.

Британецот досега во кариерата има 30 победи и едно реми во 31 бокс меч, додека скорот на Вајлдер е 43 победи и по еден пораз и нерешен меч.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот