Одлука на судот во Лозана: Русија останува суспендирана од Меѓународниот олимписки комитет

фото: EPA-EFE/DENIS BALIBOUSE

Судот за спортска арбитража во Лозана денеска ја отфрли жалбата на Русија против суспензијата од Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), пренесува „Ројтерс“.

Како што е наведено, ИОК ја суспендираше Русија во октомври минатата година, откако Рускиот олимписки комитет ги додаде во своето членство Олимписките совети на Луганск, Доњецк, Херсон и Запорожје.

Во образложението на ИОК следуваше суспензијата бидејќи претставува кршење на Олимписката повелба и повреда на територијалниот интегритет на Украинскиот национален олимписки комитет.

По воените конфликти во Украина, на руските и на белоруските спортисти им беше забрането да се натпреваруваат на меѓународно ниво, но минатата година таа казна беше ублажена и беше дозволено натпреварување во индивидуални спортови, без знамето, грбот и химната.

Во таа одлука ИОК наведе дека спортистите не треба да бидат казнети за постапките на нивните влади.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот