Кристијан Ериксен/EPA-EFE/Stuart Franklin

Одлични вести, Ериксен ја напушти болницата

Кристијан Ериксен денеска ја напушти болницата во која помина шест дена и во која беше опериран, потврди фудбалската федерација на Данска.
На Ериксен со оперативен зафат му бил вграден дефибрилатор, апарат кој ја регулира работата на срцетот и денеска е отпуштен од „Кралската болница“ во Копенхаген.
Првата работа која ја направи по излегувањето беше да ги посети колегите од репрезентацијата по што замина во свјот дом каде ќе го продолжи лекувањето.

– Благодарност до сите за големиот број на пораки со поддршка кои ги добив изминатите денови. Неверојатно е да се види и почуствува такво нешто. Се чувствувам добро. Ми беше мило што ги видов момците по одличниот натпревар кој го одиграа против Белгија. Нема потреба да кажам оти ќе ги бодрам во понеделник кога ќе играат против Русија – изјави Ериксен по излегувањето од болница.
Данскиот репрезентативец колабираше во саботата на 12 јуни за време на натпреварот против Финска. Фудбалерот на Интер ја загуби свеста, падна на теренот, а лекарскиот тим 20-тина минути се обидуваше да го реанимира и на крајот успеа да му го спаси животот.

Докторот на Данска открива: Ериксен остана без пулс, со масажа на срцето му го спасивме животот

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот