Докторот на Данска открива: Ериксен остана без пулс, со масажа на срцето му го спасивме животот

Благодарение на навремената реакција на лекарите му беше спасен животот на Ериксен/ EPA-EFE/Friedemann Vogel

Немилите сцени од „Паркен“ стадионот во Копенхаген кога колабираше Кристијан Ериксен и лекарите се бореа за неговиот живот, го одбележаа стартот на Евро 2020.
Повеќе од 20-тина минути, лекарите на данската репрезентација се бореа и на крајот успеаја да му го спасат животот на Ериксен, но докторот Мортен Боесен потврди дека животот на фудбалерот висел на конец.

Ериксен во еден момент останал без пулс и не дишел, а секунди одлучувале за неговиот живот.
За среќа, лекарите успеаја да го вратат во живот Ериксен кој сега се наоѓа во стабилна здравствена состојба во болница во Копенхаген.
– Прво да кажам дека се уште не сум разговарал со Кристијан ниту со неговото семејство па ќе зборувам за тоа што сите го видовте. Не повикаа на теренот кога Ериксен колабираше. Лежеше на страна кога дојдовме до него, имаше пулс и дишеше – започнува да зборуба Боесен кој вели дека потоа за момент се смени ситуацијата. Ж
Ситуација оддеднаш се смени, престана да дише, го загуби пулсот. Веднаш започнавме масажа на срцето, а на помош ни дојде и докторот од стадионот и успеавме да го вратиме Кристијан.

Што е следно за Кристијан Ериксен?

ХЕРОЈ НА ГОДИНАТА: Овој соиграч му го спаси животот на Кристијан Ериксен! И не само тоа!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот