ХЕРОЈ НА ГОДИНАТА: Овој соиграч му го спаси животот на Кристијан Ериксен! И не само тоа!

Симон Кјаер прв истрчал кај Ериксен и видел дека е во несвест/Фото: EPA-EFE/Martin Meissner

Репрезентациите на Данска и Финска на драматичен начин беа актери на почетокот на натпреварувањето во групата „Б“ на Европското првенство во фудбал, бидејќи нивниот натпревар беше прекинат со страшна сцена во 42-та минута.

Тогаш Кристијан Ериксен, организаторот на данската игра и играчот за врска на Интер, одеднаш падна. Сега, како што беше најавено, тој е свесен и во „стабилна состојба“, но кој знае како ќе се одвиваше таа животна борба без неговиот соиграч.

Имено, Симон Кјаер прв истрчал кај Ериксен и видел дека е во несвест…Веднаш го извади јазикот на Ериксен, за да не се задуши славниот играч за врска, а потоа започна со реанимација.

Фото: EPA-EFE/Wolfgang Rattay

Миг подоцна, со апелите на сите на теренот, членовите на медицинскиот тим на данската репрезентација брзо пристигнаа.

Тие, користејќи дефибрилатор, а подоцна и шише со кислород, му помогнаа на Ериксен да ги мине најкритичните моменти, а потоа тој беше испратен во болница.

Фото: EPA-EFE/Friedemann Vogel

Капитенот на Данците, Симон Кјаер, не запре тука. Кога ја видел Сабрина, сопругата на Ериксен, била запрена од обезбедувањето во намера да истрча од трибините на теренот до нејзиниот сопруг, тој ѝ пришол и заедно со голманот Каспер Шмајхел ја уверил дека сè ќе биде во ред.

Се чини, токму тоа се случи – имајќи ја предвид последната информација дека „десетката“ на Данска сега се чувствува добро во болницата.

Ужас на ЕВРО 2020: Ериксен се бори за живот, прекин во Копенхаген!

ВИДЕО: Шок на стартот за Данците, Финска на дебито испиша историја!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот