Одличен старт на Арсенал, Вилијан и Габриел за „самба“ во Лондон! (ВИДЕО)

фото: твитер

Интернационалецот од Габон, Пјер-Емерик Обамејанг дојде до 55 погодок во Премиер лигата, повеќе од било кој друг играч.

Во Лондон на стадионот „Крејвен Котеџ“ официјално започна 29 сезона во Премиер лигата, на првиот натпревар Арсенал како гостин убедливо славеше со 0:3 над Фулам.

„Топчиите“ предводени од менаџерот Микел Артета ја оправдаа фаворитската улога, а во водство дојдоа уште во осмата минута со голот на Лаказет кој најдобро се снајде во една мешаница во казнетиот простор на домаќините.

Интересен е податокот кој вели дека Французинот по вторпат во неговата кариера го постигнува првиот гол во премиерлигашка сезона, претходно тоа му се случи во 2017 година против Лестер.

Во 49 минута Вилијан изведе корнер, а највисоко скокна бразилскиот интернационалец Габриел (дебитира за тимот) кој со глава ја испрати топката во мрежата на Родак. Тој е првиот централен бек да реализиран на премиерлигашко деби од 2009 година кога тоа го направи Томас Вермален.

Фантастична партија имаше и сонародникот на Габриел, исто така ново засилување Вилијан кој веднаш покажува дека ќе биде клучен во составот на Артета. Асистент во сите денешни акции, така беше и во третиот прекрасен гол кој беше дело на Обамејанг.

За интернационалецот од Габон ова е вкупно 55 погодок во елитата, повеќе од било кој друг играч во натпреварувањето.

Премиер лига
Сезона 2020/21

Сабота, 12 септември

Фулам-Арсенал 0:3

Барнли-Манчестер јунајтед (одложено)
16.00 часот Кристал Палас-Саутемптон
Манчестер сити-Астон Вила (одложено)
18.30 часот Ливерпул-Лидс
21.00 часот Вест Хем-Њукасл

Недела, 13 септември

15.00 часот Вест Бромвич-Лестер
17.30 часот Тотенхем-Евертон

Понеделник, 14 септември

19.00 часот Шефилд јунајтед-Вулверхемптон
21.15 часот Брајтон-Челси

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот