Одличен рецепт – Печени пиперки со лукче за вашата зимница
Состојки:
10 килограми пиперки
200 милилитри вински оцет
300 милилитри масло за јадење
5 главици лук
сол по вкус
Подготовка:
Меснатите пиперки се мијат и се печат. Рамномерно печете ги пиперките од двете страни, но внимавајте да не изгорат. Почекајте малку да се изладат, излупете ги, а доколку не ви пречи можете да ги ставите и со лушпа.
Измешајте вински оцет со масло, сол и толчен лук и натопете ја секоја пиперка, па наредете ја во помали тегли. Не ги притискајте пиперките, оставете ја теглата празна за два прста.
Откако ќе го направите тоа, истурете ја мешавината од оцет, масло, сол и лук во која ги потопувавте пиперките. Доколку не јадете лук, не мора да ставате, но важно е да се знае дека лукот е клучната состојка! По желба можете да додадете и свеж магдонос, кој ќе ја збогати аромата на пиперките.
Затворете ги теглите со целофан или со пергамент хартија и оставете ги на ладно место.