Фото: Одбојкарска федерација на Македонија

Одбојкарките на Работнички Скопје се изборија за „мајсторка“ во финалето против Наковски Волеј

Македонскиот одбојкарски шампион во женска конкуренција ќе го добиеме со „мајсторка“ откако во четвртиот натпревар од финалето на плејофот Работнички Скопје со 3:0 (25:15, 27:25, 27:25) го совлада Наковски Волеј пред својата публика во СЦ „Борис Трајковски“ и изедначи на 2:2 во победи.

Конкурентите за титулата како и на претходните натпревари така и денеска понудија одличен натпревар, кој беше неизвесен особено во вториот и третиот сет.

До прва максимална победа над Наковски Волеј сезонава Работнички Скопје го предводеа Тамара Стојанова и Антонија Баталаковска со по 12 поени како и Андротеа Милевска со 11 поени.

Кај Наковски Волеј, Сара Марковиќ запиша девет поени, Ивана Милева имаше осум, додека Мила Долдурова и Ива Стојковска имаа по шест.

Петтиот решавачки меч ќе се игра в понеделник, од 18.00 часот, во Струмица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот