Одбојкарите се во Марибор, финално одбројување до ЕП!

Нашите најдобри одбојкари од вчера се во Марибор, на кратко прилагодување пред да се преселат во вторник во Љубљана. За да одат чекор напред и да постават нови стандард, треба да ја минат групата во којшто се Финска, Турција, Русија, Белорусија и Словенија.

Билансот од три победи и пет порази на контролните натпревари за учеството на претстојното Европско првенство воопшто не загрижува. Поважно е репрезентацијата да ги елиминира осцилациите коишто можат да бидат решавачки во престижното континентално друштво.

– Треба да ги поправиме сите елементи во играта. Немаме ефикасен сервис, не можеме да нападнеме на тој начин, а во таква ситуација е тешко да се одбраниме – рече примачот на „црвено-жолтите“, Владо Милев.

Избраниците на селекторот Никола Матијашевиќ одбројуваат три дена до дебито на континенталните собири и до првиот натпревар против Финска во Љубљана на 12 септември (четврток) со почеток од 17.30 часот. Против Финците досега немаме натпревари, па отсуствува таков параметар за споредба на силите.

–  Сè мора да функционира, сите пет елементи на играта треба да бидат на совршени, а сите ние да имаме свој ден. Нивната предност е во трпеливоста игра, па затоа не смееме да бидеме опуштени и треба постојано да внимаваме – оценува техничарот Филип Деспотовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот