фото: ОК Струмица

Одбојкарите на Струмица поразени од германскиот Дирен во ЦЕВ купот

Во првиот натпревар од 1/16 финалето во ЦЕВ купот македонскиот одбојкарски клуб Струмица во салата „Парк“ загуби од германскиот Дирен со резултат 3:0 во сетови 25:15, 25:19 и 25:17.

Уште на стартот од првиот сет Германците стекнаа висока предност од 12:3, истата подоцна стана и „двоцифрена“ (15:5), а непосредно пред водството од 1:0 во сетови, Дурен имаше и највисоки 24:11.

Слично како во првиот сет, и вториот гостите го стартуваа со висока позитива од 12:4. Подоцна одбојкарите на Струмица доаѓаа неколку пати до „минус три“ негатива (13:10, 15:12, 16:13), но и не и за целосен пресврт. Дирен ја задржа стекнатата предност и дојде до 2:0 во сетови.

Најголеми возбудувања донесе третиот сет во кој Струмица беше рамноправно, константно израмнуваше на (4:4, 6:6, 8:8, 10:10), но никако и да го контролира резултатот во своја корист. Германскиот претставник потоа одржуваше разлика од два-три поени, а до крајот на мечот само ја зголемуваше својата предност до највисоки „плус осум“ (25:17).

Најефикасен во редовите на ОК Струмица беше Тунижанецот Хамди Бен Талеб со девет поени. На спротивната страна со 15 поени доминираше грчкиот интернационалец Димитриос Мухлиас.

Реваншот меѓу екипите на Дирен и Струмица ќе се одигра на 30 ноември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот