Одбојкарите на Струмица ги дознаа противниците во прелиминарната фаза на ЛШ

фото: facebook/VC Strumica NIKOB

Со жрепка македонскиот одбојкарски шампион Струмица ги дозна противниците од првата рунда од натпреварите во Лигата на шампионите на ЦЕВ за следната сезона 2023/24.

Струмичани е во првата група заедно со Нефтохимик Бургас (Бугарија), Будва (Црна Гора) и Фино Капошвар (Унгарија).

Првопласираните две екипи од секоја група ќе продолжат во следната фаза од натпреварувањето.

Според форматот на ЦЕВ годинава ќе се играат две рунди во прелиминарната фаза, по кои две екипи ќе се најдат меѓу најдобрите 16 во главната фаза на ЛШ.

Групната фаза ќе се игра турнири, а ЦЕВ треба да ги потврди термините за одржување на турнирите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот