ОД ХЕРОЈ ДО МОНСТРУМ – Со реанимација и го спасил животот на девојката, а потоа ја претепал по што повторно завршила во болница!

profimedia

Тој на својата девојка и го спасил животот кога таа доживеала срцев застој. Со успешна реанимација ја вратил меѓу живите, а по 4 месеци поминати во болница таа се вратила дома. Но само неколку недели подоцна повторно се вратила во болница, а за тоа овој пат бил виновен токму тој.

54-годишниот Стенли Додс ја претепал својата 19-годишна девојка. Тој гледал порно филмови и му се причинило дека неговата девојка е една од актерките. Особено му пречеле нејзините коментари за мажите кои „влегувале на задната врата“.

Трансфузијата и го спасила животот

„Се покајав што ти го спасив животот“, изјавил тогаш и го започнал својот монструозен насилен чин. Додс ја претепал, и се заканувал со нож, полевал пиво по неа, а потоа ја однел до мостот, со чекан ја удирал по нозете, а главата и ја удирал од воланот во автомобилот, а како тоа да не било доволно, тој уште и се закнувал и дека ќе ја фрли во реката.

За среќа таа закана не ја исполнил, но кога се вратиле дома ја оставил два часа да стои на ладно во дворот. Кога отишла во болница, била преполна со модринки, а во каква состојба била говори и фактот дека и била потребна итна трансфузија.

Се извлекол на делузивно пореметување

принтскрин

И после се, судијката му одредила 22 месеци казна, како и петгодишна забрана да и се приближува на жртвата. Во пресудата нагласила дека со овој чин Додс сакал да ја понижи и преплаши својата партнерка, но како олеснителна околност ја земала во предвид неговата непресметливост во тие моменти.

Одбраната се вадела на тоа дека обвинетиот страда од делузивно пореметување, што иако со сомнеж, сепак било прифатено.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот