• претепал

Млад гостиварец ја претепал мајка си со стап

Четириресет и четиригодишна гостиварка вчера во 17 часот во СВР Тетово пријавила дека во нивната семејна куќа околу 15 часот физички била нападната од нејзиниот син Ф.Н.(22). Според пријавеното во полиција, тој во нападот користел и дрвен предмет. Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.