Насилник од Петровец пред децата ја гушел сопругата и ја врзувал со каиш, со скршени ребра бегала низ прозор
Нов случај на брутално семејно насилство е забележан во скопското село Петровец, каде 67-годишен насилник пред своите ќерки и малолетната внука ја претепал сопругата и ја гушел, по што се обидел да ѝ ги врзе нозете со каиш, откри Обвинителството.
Препорачано
„Според обвинението, на 28 октомври, во семејниот дом по кратка вербална расправија, мажот со умисла физички ја нападнал својата сопруга, удирајќи ја со раце и нозе по телото и главата, по што ја гушел и се обидел со каиш да ѝ ги врзе нозете. Жената на моменти губела свест, но успеала да се ослободи и преку прозорецот да побегне кај соседите за да побара помош. Од нападот таа се здобила со тешки телесни повреди, меѓу кои скршеници на три ребра и бројни хематоми“, велат од ОЈО.
Обвинителството оценува дека постои опасност од бегство на осомничениот, но и висока веројатност да го повтори насилството, особено затоа што дел од нападот го извршил во присуство на своите ќерки и малолетната внука. ОЈО бара притвор за насилникот.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
2час
-
3час
-
3час
-
3час
-
4час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


