СВР Битола / Фото: „Битола њуз“

Битолчанец ја претепал свршеницата со метален предмет, некако успеала да пријави во пет наутро

37-годишна битолчанка утрово успеала да ја повика полицијата откако нејзиниот свршеник претходно ја повредил тепајќи ја со метален предмет, соопшти МВР.

„Во 04:50 часот во СВР Битола, 37-годишна жителка на Битола пријавила дека била физички нападната од својот вереник А.И.(42), исто така од Битола. Според пријавата, во инцидентот бил употребен метален предмет, при што жената се здобила со повреди. Веднаш по пријавата биле преземени соодветни мерки и активности за расчистување на случајот. Полицијата работи на утврдување на сите околности поврзани со настанот, како и на документирање на случајот, по што ќе следува соодветна пријава“, пишува во полицискиот билтен.

Измамници лажеле две Тиквешанки дека се лекари, им барале пари „за операција на блиски“ — жените ги намирисале и не наседнале

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот