Од денеска Кипар без полициски час

Кипар/ Фото: EPA-EFE/KATIA CHRISTODOULOU

Укинување на полицискиот час, дозволено одржување прослави, свадби, крштевки и сл, отворање на ноќните клубови, се олабавувањата на мерките што од денеска стапуваат во сила на Кипар, јави дописничката на МИА од Атина.

За одржување на прослави и свадби, постојат ограничувања на бројот на гости во зависност од тоа дали е на отворено или затворено, а ноќните клубови ќе работат само со гости кои ќе седат на маса и за внатрешните простори задолжителен е „SafePass”, односно потврда за вакцинација, негативен резултат од тест или прележан Ковид-19.

Од почетокот на пандемијата, Кипар има регистрирано 72.996 случаи на Ковид-19, а починаа 367 лица.

Заклучно со вторникот, 56,5 проценти од граѓаните примиле една доза од вакцината, а 37,1 отсто од населението е целосно вакцинирано

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот