Фото: архива

Од 15 јуни на лентите за М-таг веќе нема да може да се плаќа со М-кард на патарините

Со почеток од 15 јуни, лентите од патарините означени со М-таг ќе бидат наменети исклучиво за корисници со електронски тагови, со што се укинува можноста на овие ленти да се наплатува и преку опцијата М-кард, информираат од Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП).

Како што се вели во соопштението на ЈПДП, со М-кард ќе може да се плати на останатите достапни ленти на патарината, согласно нивната намена.

Конечно започна доградбата на патарината Миладиновци – ќе се воведе и плаќање со таг и смарт-картички

Од државното претпријатие апелираат за строго почитување на знаците и на информативните електронски табли поставени пред и на самите патарини, каде е јасно означен начинот на плаќање на секоја лента одделно – електронска наплата (M-таг / M-кард) и готовинско плаќање (КЕШ).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот