Обвинителството во Минесота побара 30 години затвор за поранешниот полицаец Дерек Шовин

Полицаецот Шовин, кој повеќе од девет минути клечел врз вратот на Афроамериканецот Џорџ Флојд, на судењето во Минеаполис поротата го прогласи за виновен по сите три точки од обвинението- убиство од втор степен, убиство од трет степен и убиство од небрежност од втор степен.

Обвинителството на американската сојузна држава Минесота  побара 30-годишна затворска казна за поранешниот полицаец Дерек Шовин, кој на судењето во април беше осуден за убиството на Џорџ Флојд во мај 2020 година.

Адвокатите на Шовин побараа условна казна, покрај времето што тој веќе го помина во притвор.

Полицаецот Шовин, кој повеќе од девет минути клечел врз вратот на Афроамериканецот Џорџ Флојд, на судењето во Минеаполис поротата го прогласи за виновен по сите три точки од обвинението- убиство од втор степен, убиство од трет степен и убиство од небрежност од втор степен.

Судијата Питер Кејхил оцени дека во случајот со убиството на Флојд постоеле „отежнувачки околности”, што му дава можност на Шовин да му изрече построга казна од таа што државата ја препорачува.

Обвинителството во својот поднесок, меѓутоа, наведува дека 30 години ќе бидат „посоодветна казна заради длабокото влијание што го имале постапките на обвинетиот врз жртвата, семејството на жртвата и заедницата”.

Максималната казна за најсериозната точка во обвинението против Шовин, убиство од втор степен, е 40 години.

Изрекувањето на казната за Шовин е закажано за 25 јуни. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот